Достапни линкови

logo-print

Партиски препукувања за акцијата Детонатор


СДСМ денеска побара политичка одговорност од раководството на МВР за толерирање на криминалот разоткриен со акцијата „Детонатор“ и обвини дека пресметката со криминалните банди е борба во ВМРО-ДПМНЕ за превласт врз приватните агенции за обезбедување. Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев изјави дека фактот оти роднини на пратеници и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени за сериозни кривични дела е уште еден аларм дека политичкото раководство на МВР конечно мора да понесе одговорност.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска реагираше дека секогаш кога полицијата расчистува со криминалот, СДСМ се става во негова одбрана и бара оставки и одговорност.
Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека
СДСМ не се осмели ниту да ја поздрави акцијата на МВР „Детонатор“ што според него е чудно и срамно за која било политичка партија .
XS
SM
MD
LG