Достапни линкови

Портрети „Во исчекување“ на Агрон Салиу


Слики на сликарот Агрон Салиу.

Слики на сликарот Агрон Салиу.

„Во исчекување“ е насловена првата самостојна изложба на младиот академски сликар Агрон Салиу, што од 3 до 14 април, ќе се одржи во Културно информативниот центар во Скопје.

По нецели три години од учеството на групната постановка во скопски Чифте амам, Агрон Салиу ја стокми и својата прва самостојна изложба. Во салонот „Империјал 1“ на Културно информативниот центар овој млад уметник се претставува со 30 дела, главно портрети, работени во техника масло на платно. За својата ликовна понуда насловена „Во исчекување“, тој вели дека тематски е врзана со потребата на луѓето од различни социјални слоеви и различни генерации за поубаво утре.
Да сликаш портрет е повеќе од слика. Еден добро нацртан потрет нема потреба да се слика, значи тука е психологијата, тука е неговиот карактер, емоциите, се е во портретот. Портретот е еден голем универзум којшто никогаш нема крај, сликарот кога ќе наслика еден портрет никогаш не е задоволен.

„Тематиката е, луѓето од немир да бидат во исчекување на добри денови. Од нивната внатрешност сакав да извадам, од напатените, од исплашените луѓе. Портретот е најинтересниот дел и ми е најголема инспирација.“
Сликарот Агрон Салиу.

Сликарот Агрон Салиу.


Уметикот дополнува дека се работи за збирка на асоцијативни портрети на некои луѓе кои биле и се дел од неговиот живот и од опкружувањето во кое твори.

„Овие портрети се асоцијативни, значи портрети на луѓе што биле и се дел од мојот живот, значи пријатели, семејни портрети...“
Сон за еден млад сликар е да го достигне тоа за неколку години. Ако успеам во наредните три или четири години да го освојам Берлин или Париз, тоа за мене ќе биде остварување на еден сон.

Агрон Салиу е роден 1984 година во Тетово. Дипломирал на државниот универзитет во во родниот град на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство, во класата на професор Илиријан Бекири во 2011 година. Иако млад, тој е еден од ретките што слика портрети, а за оваа своја потреба како уметник знае да забележи дека самиот тој чин е повеќе од слика.

„Да сликаш портрет е повеќе од слика. Еден добро нацртан потрет нема потреба да се слика, значи тука е психологијата, тука е неговиот карактер, емоциите, се е во портретот. Портретот е еден голем универзум којшто никогаш нема крај, сликарот кога ќе наслика еден портрет никогаш не е задоволен.“

Веќе е извесно дека по Скопје неговата постановка „Во исчекување“ ќе ја види и ликовната публика во Тетово и во некои други градови од земјава. Згора на тоа, тој се надева и на покани за претставувања од соседните земји, а вели и тоа дека аплицирал и верува дека неговите портрети и останатите реалистични слики ќе патуваат и во центри како Њујорк, Берлин и Париз.

„Сон за еден млад сликар е да го достигне тоа за неколку години. Ако успеам во наредните три или четири години да го освојам Берлин или Париз, тоа за мене ќе биде остварување на еден сон.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG