Достапни линкови

logo-print

Расмусен-Грузија има важна улога во операциите на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен по средбата со грузискиот претседател Михаил Сакашвили во Брисел изјави дека одлуката на Алијансата од 2008 година дека земјата еден ден треба да стане нејзина членка и натаму има цврста основа. Расмусен ја истакна улогата на Грузија во операциите на НАТО во Авганистан. Тој потенцира дека Грузија до крајот на годината ќе има најголем број на војници од земјите кои не се членки на НАТО.
Сакашвили го уверил Расмусен дека парламентарните избори закажани за октомври ќе бидат транспарентни и ја повикал меѓународната заедница да испрати свои набљудувачи.
XS
SM
MD
LG