Достапни линкови

Боулдер маратон на Камена Баба кај Прилеп


На локалитетот Камена Баба во близина на Прилеп се одржува меѓународен боулдер маратон.

Млади болдеристи од повеќе европски држави деновиве кампуваат на локалитетот Камена Баба во непосредна близина на Прилеп. Тие се учесници на интернационалниот болдер маратон, којшто по 5-ти пат се одржа овде. Преку 150 вљубеници во вештините за качување по карпи, секојдневно, еве две недели прават нови болдери, восхитени од убавините на овој раритетен македонски терен.
Сум била во многу краеви на светот, но овде ми е толку добро, како во некој болдеринг центар, но сепак овде има огромен потенцијал, така да чувајте го тоа што го имате, овде е супер.
Миха Хривар, спортска качувачка од Словенија.

„Сум била во многу краеви на светот, но овде ми е толку добро, како во некој болдеринг центар, но сепак овде има огромен потенцијал, така да чувајте го тоа што го имате, овде е супер“, порача Урша Флореанчиќ, од Словенија.

Полн со импресии е и нејзиниот земјак Миха Хривар, којшто со овој спорт се занимава од мали нозе, како што вели.
Болдерингот е најубава активност. И кога доаѓаме овде да го поминеме времето, мора да се каже дека Македонија е ново место. Сме биле во многу земји, Индија, Америка, секаде низ Европа, но за нас Македонија, особено Прилеп е ново место и сме многу задоволни од тоа го видовме и убавините кои ни се оставени на уживање.
Филип Рибиер, спортски качувач од Франција.

„Јас се качувам од мојата 8-ма година, го правам тоа во Љубљана, овде доаѓам по трет пат, овде е супер, секогаш кога доаѓаме правиме нови болдери. Овој спорт е опасен како и се во животот, ако не знаеш што правиш, ако не си паметен како што се вели, тогаш можеш да паднеш, да си шинеш зглоб, инаку нема ништо опасно, туку забавно и возбудливо“, додава младиот Хривар.

Меѓу учесниците е и екипата качувачи по карпи, која допатува од Франција. Како што вели Филип Рибиер, освен што се дел од овој спортски настан, имаат уште една задача. Да ги откријат потенцијалите на теренот, за да увидат дали може следната година, токму на овој локалитет Камена Баба да се одржи настан на повисоко ниво и со поголем број учесници.

„Болдерингот е најубава активност. И кога доаѓаме овде да го поминеме времето, мора да се каже дека Македонија е ново место. Сме биле во многу земји, Индија, Америка, секаде низ Европа, но за нас Македонија, особено Прилеп е ново место и сме многу задоволни од тоа го видовме и убавините кои ни се оставени на уживање“, изјави французинот Рибиер.

Од спортско-качувачкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп кој е организатор на овој спортски настан, токму поради ваквите импресии на учесниците сметаат дека за кусо време болдерингот ќе стане нов бренд на градот. А, за тоа придонесува посебноста на карпите, кои се магматски, потекнуваат пред милениуми, кога овде се одвивале вулкански активности.

„Интернетот, но и личниот впечаток на луѓето кои доаѓаат да качуваат на овие карпи, таа позитивна енергија која владее тука, и меѓу нив и заедно со нас, ја шират понатаму и секоја година добиваме се повеќе. Во еден момент се прашувавме ние од нашиот клуб до каде ќе оди работата. Вака како што оди најверојатно за скоро време, Прилеп ќе добие своја специфична туристичка дестинација“, истакнува Христо Белакапоски, тренер на спортско-качувачкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп.

Според Белакапоски, вакви карпи може да се најдат и во Франција, Италија и Швајцарија, но овде нив ги има во многу голем број. Освен тоа кон Дабница се отвора нова зона, каде што може со мали вложувања да се развива овој тип на алтернативен туризам. Затоа клубот бара помош и од државата, да се изгради пристапен пат до локалитетот и организиран камп за учесниците.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG