Достапни линкови

Британија и Германија од БиХ бараат решителни чекори кон ЕУ и НАТО


Министрите за надворешни работи на Германија и Британија, Гвидо Вестервеле и Вилијам Хејг побараа БиХ да направи решителни чекори кон Европската унија и НАТО. Според нив, политичките лидери направиле атмосфера во која напредокот е можен и тие треба да го искористат тоа.
Во статија објавена во печатените медиуми, Вестервеле и Хејг изјавиле дека БиХ може да побара статус на кандидат за членство во ЕУ доколку продолжи со неопходните реформи.
XS
SM
MD
LG