Достапни линкови

Финансирањето на продемократските организации проблем за руските власти


Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабоков

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабоков

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабоков изјави денеска дека финансирањето на САД на организациите кои ја промовираат демократијата во земјата влијае на билатералните односи меѓу Москва и Вашингтон.
Според него, американските власти им обезбедиле конкретни информации за тоа како ги поддржуваат организациите, но нивното финансирање сепак претставува проблем. Премиерот Владимир Путин го обвини Вашингтон дека ја користи продемократската програма за да ги финансира протестите против неговиот режим.
XS
SM
MD
LG