Достапни линкови

Собраниски расправи заради расправи


Собрание.
Собрание.

Расправањето по секоја цена има цел да резултира единствено со освојување политички поени, вели политикологот Владимир Мисев.

Кога се гледаат седниците на Собранието тешко е да се направи разлика кои законски решенија се вистински заложби на една или друга партија. Владеачкото мнозинство и опозицијата меѓусебно си префрлаат дека нивните предлози се отфрлаат за потоа другата политичка опција да ги предложи како свои. Сепак, и натаму не се поддржуваат меѓусебно, ниту за едно законско решение. Владеачките пратеници не може да кажат дека усвоиле некој закон предложен од опозицијата, но според нивното објаснување предлозите не биле искрени.
Сите законски проекти коишто ќе поминат како предлог на мнозинството, истите законски решенија само со нашминкани измени ги предлагаат како нивни предлози.
Талат Џафери, ДУИ.

„Сите законски проекти коишто ќе поминат како предлог на мнозинството, истите законски решенија само со нашминкани измени ги предлагаат како нивни предлози“, вели Талат Џафери од ДУИ.

Како еден од примерите, тој ја наведува расправата за Законот за минимална плата.

„Истиот предлог, само измената беше да биде 9 илјади денари.“

Од опозицијата ги отфрлаат ваквите тврдења и велат дека не им се прифаќаат ниту амандманите.
Факт е дека многу од нашите решенија ги преземаат, ги видоизменуваат, што би рекла јас во слободна форма, ги вмроизираат.
Весна Бендевска, СДСМ.

„Не е проблем во висината дали ќе биде 8.050 или 9.000, битно беше да се гарантира минималниот износ под кој не смее да се исплаќа плата“, изјави Весна Бендевска од СДСМ.

Според нејзините зборови, сите закони што ги предлага опозицијата се базирани на предизборната програма понудена на предвремените избори во 2011 година, кои сега се нудат во форма на законски решенија, едно по едно.

„Факт е дека многу од нашите решенија ги преземаат, ги видоизменуваат, што би рекла јас во слободна форма, ги вмроизираат, навистина стручни и компетентни екипи ги работеле како решенија.“
Ако ја гледате комисиската расправа кај дел од битните комисии, дури и да нема сериозни дискусии.
Владимир Мисев, политиколог.

Како примери ги наведува проектот „Купи куќа, купи стан“, СОС-продавници или за намалување на акцизите.

Експертите го признаваат легитимното право пратенците да критикуваат или негираат решенија кои доаѓаат од конкурентската политичка опција, но напоменуваат дека расправањето за секое законско решение го спушта нивото на дебатата.

„Голем дел од тие решенија коишто се предлагаат се добри, мислам дека се прифатливи. Расправањето по секоја цена мислам дека има цел да резултира единствено со освојување политички поени, политички кредит кај својот електорат. Ако ја гледате комисиската расправа кај дел од битните комисии, дури и да нема сериозни дискусии“, вели политикологот Владимир Мисев.

Ова според него сериозно го покренува прашањето за квалитетот на дебатите во Собранието. Според него, за главните политички прашања мора да постои консензус, но за другите прашања кои политичките субјекти ги ветиле пред електоратот мора да се договараат на координативните средби.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG