Достапни линкови

logo-print

Конгресмени бараат од Обама, Македонија во НАТО


Барак Обама

Барак Обама

Педесет и четворица членови на Претставничкиот дом на Соединетите држави испратија писмо до претседателот Барак Обама, барајќи од неговата администрација да осигура дека НАТО, на самитот во Чикаго, конечно ќе и ја понуди на Македонија нејзината добро заслужена формална покана за членство во Алијансата. ,,Цврсто веруваме дека поканата ќе биде од полза за американските безбедносни интереси и за мисијата на НАТО во светот,, се вели, меѓу другото, во писмото кое е потпишано од 22 републиканци и 32 демократи и кое е испратено и до потпретседателот Џо Бајден, државниот секретар Хилари Клинтон, секретарот за одбрана Леон Панета како и шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен.
XS
SM
MD
LG