Достапни линкови

Јосефина Топали во посета на Скопје


илустрација

илустрација

Претседателот на албанското собрание Јосефина Топали од денеска е во дводневна посета на земјава по покана на нејзиниот македонски колега Трајко Вељаноски. Таа ќе се сретне со вицепремиерката Теута Арифи, со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со лидерот на ДПА Мендух Тачи, а ќе ги посети и Спомен куќата на Мајка Тереза и општината Чаир.
Според соопштението од албанската амбасада во Скопје, Топали на вториот ден од посетата ќе се сретне со Вељаноски, по што ќе се обрати пред пратениците во македонскиот Парламент. Предвидени се средби и со жените парламентарки, а ќе биде примена и од претседателот Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG