Достапни линкови

Пожар во највисоката зграда во Европа


Пожар изби во облакодер кој е во изградба во Москва. Пожарникарите со помош на хеликоптери неколку часа го гласнеа пожарот кој се ширеше по изолацијата на горните катови на конструкцијата, која се предвидува да биде највисоката зграда во Европа. За сега нема информации за жртви. Според руските медиуми, пожарот бил предизвикан од светилка која била поставена близу катранисано платно. Надлежните стравуваа дека силниот ветар ќе го прошири пламенот кон соседните објекти.
XS
SM
MD
LG