Достапни линкови

Сирија со рок до 10 април да ја започне имплементацијата на мировниот план


Претставникот на ОН и Арпската лига за Сирија Кофи Анан

Претставникот на ОН и Арпската лига за Сирија Кофи Анан

Претставникот на ОН и Арпската лига за Сирија Кофи Анан изјави дека Дамаск се сложил до 10 април да ја започне имплементацијата на шесте точки од неговиот мировен план. Во него се повикува да биде прекинат огнот на двете страни, да се повлечат војниците и тешкото оружје од градовите и да се овозможи достава на хуманитарна помош.
Анан денеска имаше брифинг со Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Сирија и притоа ги повика неговите членки да го прифатат крајниот рок. Вашингтон побара Сирија веднаш да се усогласи со планот на Анан, но Русија смета дека само Советот за безбедност може да постави крен рок.
XS
SM
MD
LG