Достапни линкови

logo-print

Рекордна невработеност во еврозоната


Бројката на лица кои бараат работа во земјите-членки на еврозната е на највисоко ниво откако беше воведено еврото во 1999 година. Европската агенција за статистика Евростат соопшти дека околу 17 милиони лица се невработени во еврозoната, што значи дека бројката во февруари се зголемила за 11 насто.
Седум земји имаат стапка на невработеност над 10 насто. Шпанија е на првото место со 24 насто невработеност, а Австрија на последното со 4,2 проценти.
XS
SM
MD
LG