Достапни линкови

Унгарија ја поддржува Македонија, но во спорот за името не се меша


Mинистрите за надворешни работи на Македонија и Унгарија, Никола Попоски и Јанош Мартоњи.

Mинистрите за надворешни работи на Македонија и Унгарија, Никола Попоски и Јанош Мартоњи.

НАТО и ЕУ интеграциите беа централна тема на средбата Мартоњи - Попоски. Унгарија е еден од најсилните поддржувачи на Македонија на двете полиња, но не сака да се меша во прашањето за името со Грција.

Македонија не е поставена на дневниот ред на претстојниот самит на НАТО во Чикаго, па укажувајќи на немоќта пред консензусот по пат на кој се одлучува во оваа организација, унгарскиот министер за надворешни работи Јанош Мартоњи на прес-конференцијата по средбата со својот македонски колега Никола Попоски во Скопје
Во поглед на решавањето на прашањето на името не би сакале да се вмешуваме. Лично сум убеден дека страните, логично е наскоро да постигнат едно решение прифатливо за двете страни.
остана без одговор што ќе направи Унгарија, Македонија да биде ставена на дневниот ред.

Ова прашање, како и прашањето на придружувањето на Македонија зависи од постигнување на едногласност меѓу земјите членки на Алијансата а тоа пак од решавањето на спорот за името, едноставно повтори Мартоњи.
Mинистрите за надворешни работи на Македонија и Унгарија, Никола Попоски и Јанош Мартоњи

Mинистрите за надворешни работи на Македонија и Унгарија, Никола Попоски и Јанош Мартоњи


„Во поглед на решавањето на прашањето на името не би сакале да се вмешуваме. Лично сум убеден дека страните, логично е наскоро да постигнат едно решение прифатливо за двете страни.“

Препорака, подготовките треба да течат и унгарската влада е подготвена на помогне во тој процес, пренесе Мартоњи. Тој го оцени отпочнувањето на дијалогот на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ како многу важен во таа насока.

„Ако овој дијалог успешно се одвива и продолжи, убеден сум дека значително ќе го скрати траењето на вистинските преговори за приклучување кон ЕУ“, додаде унгарскиот министер за надворешни работи.

НАТО и ЕУ интеграциите биле централна тема на средбата Мартоњи - Попоски. Унгарија е еден од најсилните поддржувачи на Македонија на двете полиња, рече македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Отпочнатиот дијалог го оцени како можност да се продолжи со реформите и да се скрати периодот на преговорите откако тие ќе почнат. Соработката со унгарската влада може да биде од корист на конкретни полиња, рече Попоски.

„Размена на искуства во делот на шенген регулативата и во делот на интегрираното управување со граници.“

Во оваа насока двете министерства потпишаа декларација за соработка во процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ.
XS
SM
MD
LG