Достапни линкови

Претседателката на албанското Собрание во посета на Македонија


Претседателката на албанското Собрание Јосефина Топали

Претседателката на албанското Собрание Јосефина Топали

Претседателката на албанското Собрание Јосефина Топали од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Таа ќе оствари средби со вицепремиерката Теута Арифи, со лидерите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи. Според соопштението, Топали задутре ќе се сретне со нејзиниот колега Трајко Вељаноски и ќе се обрати пред пратениците во македонскиот Парламент. Таа ќе биде примена и од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски.
Кон средината на месецов најавена е посета и на претседателот на Албанија Бамир Топи.
XS
SM
MD
LG