Достапни линкови

Русија ја осуди конференцијата „Пријатели на Сирија“


Руското министерство за надворешни работи ја осуди конференцијата „Пријатели на Сирија“ во Истанбул, која според нив е контрадикторна на целта за постигнување мирно решение на едногодишните конфликти во земјата. Арпаските и западните земји, меѓу кои и САД вчера ветија дека ќе обезбедат милиони долари за комуникациска опрема на сириските опозициски групи и го признаа Сирискиот национален совет како легитимен претставник на народот.
Тие упатија критика до режимот на претседателот Башар ал Асад дека не успеал да ги имплементира предлозите на претставникот на ОН и Арапската лига Кофи Анан.
XS
SM
MD
LG