Достапни линкови

Известувачите на Советот на Европа за Албанија во Тирана


Во дводневна посета на Албанија престојуваат известувачите на Парламентраното собрание на Советот на Европа, Томас Јирка од Чешка и Григоре Петренцо од Молдавија.
Известувачите ќе се сртенат со албанскиот државен врв, со првите луѓе на позначајните инситуции, на политичките партии и на здружениејата, со странските дипломати, како и со членовите на парламентарната Анкетна комисија која води истрага за крвавите антивладини протести од 21 јануари 2011 година.
Разговорите главно ќе се фокусираат врз изборната и парламентарната реформа, борбата против корупцијата, како и изборот на идниот шеф на државата, прашање за кое двате најголеми политички сили, владејачката Демократска и опозициската Социјалистичка партија, се далеку од постигнување консензус.
XS
SM
MD
LG