Достапни линкови

Политиката поинтересна од здравството


Најкоментиран текст на нашата интернет страна во изминатите неколку дена е интервјуто со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Граѓаните повеќе се „палат“ на политика, па новото прашање во нашиот Хајд парк, колку македонското здравство е навистина бесплатно, се чини, не предизвикало големо внимание - според досегашните коментари. Или, пак, им е преку глава од нудењето поинаква диоптрија, па ги сметаат за беспредметни сите реакции.
Ако ги отворите очите ќе видите дека се' е само владина реклама.

Слушател потпишан со Зоран Пејковски од Битола, изгледа од лично искуство на некој близок, прецизно ги наведува цените на чинењето на гинеколошките услуги во Неуромедика и за сопственикот вели дека порано бил со СДСМ, а сега бил со власта. Змејкова, вели, од Фондот знае за наплатувањата, ама се прави на удрена, народот е крив и исплашен.

Веле прашува што има бесплатно во Македонија, и пишува: „Ако ги отворите очите ќе видите дека се' е само владина реклама“.

Колку македонското здравство е навистина бесплатно? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, овој пат со лидерот на СДСМ, Црвенковски, тој покрај другото вели дека власта би била најсреќна тој да не постои и дека е цел на смислена, негативна и агресивна кампања. Коментарите, главно, се негативни: Александар бара симболика во тоа што, како што пишува, БЦ дава интервју на 1 април, Македон му порачува дека времето му поминало и дека е никој и ништо, а слушателка потпишана со Искрена му порачува дека ВМРО било среќно што постоел, бидејќи се' додека постои, тие ќе биле на власт и тоа без многу труд и пишува дека само се сили со неговиот стил на градски фраер.

Затоа, пак, Милица коментира дека Црвенковски е цар, дека, како што вели, „сељачкиве бандити немаат ни ронка од твојот градски шарм. Нивните чевли немаат газено асфалт и затоа го изораа Скопје, прават, демек, барок, а поим немаат што е тоа. Тие се комплет спротивно од она што се претставувааат“, завршува Милица во пораката.

Текстовите во нашата младинска колумна на претседателите на подмладоците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Давитковски и Спасов, како и вообичаено предизвикале повеќе наши слушатели да испратат свои пораки: Димитар му забележува на Давитковски дека ја изместува темата и дека користел навредливи коментари на лична основа, а некој Зоре Таневски прашува што му е на Дарко Давитковски сопственикот на СП-Маркет, со исто презиме, и, како што вели, транзициски магнат.

Диме Спасов, кој смета дека експертите на СДСМ биле арогантни и самобендисани и дека ресорите што ги воделе биле следени со скандали, предизвикало слушател потпишан со Граѓанин да напише: „Супер, значи, никој да не размислува за светските проблеми што и нас не' засегаат, сите само глупаво да зјапаме и да си чекаме, и - да си плаќаме!“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG