Достапни линкови

Охрид - Меѓународна конференција за широкопојасен интернет


Охрид денеска ќе биде домаќин на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој формирана од Меѓународната телекомоникациска заедница и УНЕСКО, со која ќе претседава мексиканскиот бизнисмен и најбогат човек на светот Карлос Слим.
На собирот ќе присуствува и владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, кој ќе има обраќање пред учесниците.
На состанокот во Охрид покрај Слим ќе присуствуваат и нејзиниот копреседавач - претседателот на Руанда Пол Кагаме, како и комисиските членови, меѓу кои и извршните директори на најголемите светски компаниии кои се двигатели на информатичкото општество како „Интел“ „Ериксон“, „Телефоника“, „Циско“, „Алкател лусент“, „Хуавеј“ и други.
XS
SM
MD
LG