Достапни линкови

logo-print

Руски авион со 43 патници се урна во Сибир


Авион со 43 патници се урна во западен Сибир. Руски официјални претставници соопштија дека има 12 преживеани кои се однесени во болница. Авионот се запалил откако се урнал за кратко време по полетувањето од градот Тумен, кој се наоѓа 2,100 километри источно од Москва.
Засега нема информации што ја предизвикало несреќата. Авионот летал од градот Тумен до нафтениот град Сугрут.
XS
SM
MD
LG