Достапни линкови

Анан ќе го брифира Советот за Безбедност за Сирија


Меѓународниот претставник за Сирија Кофи Анан денеска треба да го брифира Советот за Безбедност на ОН за тоа дали во Дамаск има прогрес во имплементацијата на мировниот план. Дамаск го усвои планот кој вклучува прекин на огнот, повлекување на трупите од градовите и хуманитарна помош.
Во текот на викендот во Истанбул „Пријателите на Сирија“ го повикаа Анан да даде насоки околу спроведувањето на планот. Во Истанбул беше и американскиот државен секретар Хилари Клинтон, а на собирот присуствуваа претставници од 80 држави.
XS
SM
MD
LG