Достапни линкови

Опозицијата во Мјанмар прогласи победа на изборите


Аунг Сан Суу Куи

Аунг Сан Суу Куи

Опозицијата во Мјанмар (поранешна Бурма) предводена од Аунг Сан Суу Куи прогласи победа на парламентарните избори кои се одржаа викендот. Опозицијата објави дека освоиле 42 од вкупно 45 пратенички места.Добитникот на Нобеловата награда Суу Куи победи освојувајќи 90 проценти од гласовите.
Ова се први избори за 66 годишната Суу Куи која беше во домашен притвор по минатите генерални избори во 1990 и 2010. Националната Лига за Демократија победи на изборите во 1990 година, но беше спречена да дојде на власт од владејачката хунта.

.
XS
SM
MD
LG