Достапни линкови

logo-print

Косовските власти бараат слобода за уапсените полицајци во Србија


Апсењето на двајцата косовски полицајци во близина на Мердаре

Апсењето на двајцата косовски полицајци во близина на Мердаре

Косовските власти побараа двајцата косовски полицајци кои беа уапсени да бидат пуштени на слобода. Тие беа вчера притворени од страна на српските власти, кои тврдат дека се наоѓале на нивна територија.
Претседателката на Косово Атифете Јахјага во соопштение го нарече напад врз институционалниот и територијален интегритет на Косово. Таа смета дека честото апсење граѓани од Косово не придонесува за воспоставување добри односи меѓу двете држави. Ја повика и меѓународната заедница од Србија да побара почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Косово, но и на меѓународните норми за границите.
XS
SM
MD
LG