Достапни линкови

Министерот Бесими во посета на Авганистан


Министерот за одбрана Фатмир Бесими

Министерот за одбрана Фатмир Бесими

Министерот за одбрана Фатмир Бесими е во посета на Кабул. Тој е придружуван од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Горанчо Котевски и претставници на Министерството за одбрана и АРМ. Тие ќе имаат средба со војниците од 21-та ротација македонски мировници во земјата и детално ќе се запознаат со нивните секојдневни обврски и со условите во базата во Кабул.
Бесими ќе има и средба со командантот на ИСАФ и на американските војници во Авганистан, генералот Џон Ален, со Јержи Виецлав, директор за политика и помошник на најстариот цивилен претставник на НАТО во Авганистан, како и со командантот на Регионалната команда-Капитол, бригадниот генерал Ѓозкаја.
XS
SM
MD
LG