Достапни линкови

Десетици опозициски демонстранти уапсени во Русија


Опозицискиот лидер Сергеј Удалцов

Опозицискиот лидер Сергеј Удалцов

Руската опозиција соопшти дека 60 опозициски активисти биле уапсени за време на анти-Кремљин протестот во Москва. Според извештаите, меѓу уапсените е и Едуард Лимонов, кој е лидер на Другата руска коалиција. Сервисот на Радио Слободна Европа во земјата јави дека околу 1000 лица протестирале на плоштадот Триумфалнаја. Тие извикувале слогани против Владимир Путин, кој беше избран за претседател на 4 март.
На плоштадот Пушкин неколку активисти биле уапсени на протестите кои беа организирани од опозициониот лидер Сергеј Удалцов.Во Санкт Петерсбург полицијата уапсила 40 лица кои се обидувале да протестираат.
XS
SM
MD
LG