Достапни линкови

Попоски на конференцијата Пријатели на Сирија во Истанбул


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Истанбул, ќе учествува на Втората конференција на Групата пријатели на сирискиот народ. Според соопштението, на конференцијата која има за цел упатување порака на солидарност на меѓународната заедница до сирискиот народ се очекува присуство на повеќе од осумдесет земји и меѓународни организации.
На состанокот ќе се разговара за актуелната состојба во Сирија и за начините за мирољубиво решение на кризата, со посебен акцент на поддршка на Планот од шест точки за запирање на насилствата, предложен од Кофи Анан, специјален пратеник на Обединетите нации и на Арапска Лига за Сирија.
XS
SM
MD
LG