Достапни линкови

Во Србија приведени двајца косовски полицајци


Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека во саботата изутрината биле приведени двајца вооружени припадници на косовската полициска служба,бидејќи влегле во српска територија.Министерот наведе дека полицајците биле приведени во регионот Мердар кој се наоѓа на границата меѓу Србија и Косово и оти лицата со косовски униформи биле вооружени.До ова доаѓа откако минатиот месец петмина српски полицајци беа приведени од албанските власти поради сомневања дека вршеле притисок врз локалните срби да не ги признаваат институциите на косовската влада.
XS
SM
MD
LG