Достапни линкови

САД бараат гаранции за да ослободат талибански затвореници


Авганистанскиот претставник за мировни прашања Исмаил Кашмиар за медиумите изјави дека САД начелно се согласиле да ослободат четири до пет талибански затвреника кои се наоѓаат во Гвантанамо затворот на Куба.Вашингтон побарал гаранции од Катар дека талибанските лидери нема да им се придружат на бунтовниците по нивното ослободување.Засега не постои потврда од официјални американски претставници за ова.Прашањето за ослободување на затворениците е предуслов за отворање претставништво во Доха од каде групата за мировни прашања може да преговара со актерите инволвирани во авганистанската војна.
XS
SM
MD
LG