Достапни линкови

Kлинтон бара подобрување на американската соработка со Арапскиот Залив поради заканите од Иран


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека САД бараат подобрување на соработката со земјите од Арапскиот залив околу безбедноста и ракетната одбрана што како закана доаѓа од Иран.Во својот говор на безбедносната конференција во Саудиска Арабија, Клинтон наведе дека владите од Заливот и САД ја делат загриженоста поради нуклеарните активности на Иран.До нејзиниот коментар доаѓа еден ден по изјавата на американскиот претседател Барак Обама,кој побара да почнат да се применуваат санкциите против Иран,наведувајќи дека има доволно нафта на светските пазари,за да може другите земји да си дозволат да престанат да увезуваат од Иран.
XS
SM
MD
LG