Достапни линкови

Тетратки со ликот на Сталин во руските училишта


Руски активисти за човекови права го осудија печатењето на училишни тетратки со портрети на политички личности од руската историја. Посебен повод за реакција беше објавувањето на тетратки со ликот на Сталин, во рамките на едицијата - Големите имиња на Русија. Во реакцијата се истакнува дека училиштата не се место за политичка пропаганда и оти Сталин бил криминалец кој уништил милиони животи,а неговото вбројување во големите имиња на Русија е безсмислено.
XS
SM
MD
LG