Достапни линкови

Сиријските владини сили не се повлекуваат од градовите


Хомс, 30.03.2012

Хомс, 30.03.2012

Портпарол на сиријското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека владата ги победила анти-владините бунтовници и оти војската ќе се повлече од урбаните средини кога ситуацијата ќе биде стабилна. Тој додаде дека во градот Хомс владините сили ги штителе цивилите.
До оваа изјава доаѓа по повикот на специјалниот пратеник за Сирија Кофи Анан за итно примирје во земјата. Меѓутоа, активисти и денеска јавуваат дека имало нови борби меѓу владините сили и бунтовниците во околината на Дамаск.
Во меѓувреме, денеска турската влада објави дека над 17.000 сиријци, поради нередите во земјата, пребегале во Турција.
XS
SM
MD
LG