Достапни линкови

Три експлозии на Тајланд, најмалку 5-мина загинати


Најмалку 5 луѓе загинале, а повеќемина биле повредени во трите денешни бомбашки напади во градот Јала на Тајланд. Некои агенции јавуваат дека бројот на загинатите е поголем. Едната експлозија ја предизвикала автомобил бомба, а другите две бомби биле на моторцикли. Според локалната полиција, над 50 луѓе биле пренесени во болница. Градот Јала е во јужниот дел на Тајланд, каде што има меѓу-етнички тензии меѓу будистичкото мнозинство и муслиманското малцинство.
XS
SM
MD
LG