Достапни линкови

Турција го намали увозот на иранска нафта за 20 отсто


Турската државна нафтена компанија „Турпас“ соопшти денеска дека го намалила купувањето нафта од соседен Иран за 20 отсто, поради тоа што западните сили ги заострија санкциите против официјален Техеран.
Турција, која третина од своите потреби за нафта ги покрива со увоз од Иран, во моментот се обидува да добие иземање од американските санкции против Техеран.
Согласно новиот закон за санкции, кој има за цел да го зголеми притисокот на Владата во Техеран да ја запре нуклеарната програма, САД ќе ги казнат странските финансиски институции доколку вршат финансиски трансакции со централната банка на Иран, преку која се одвива плаќањето за извозните производи на земјата.
XS
SM
MD
LG