Достапни линкови

Хилари Клинтон на разговори со саудиските лидери


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Ријад се состана со кралот на Саудијска Арабија и министерот за надворешни работи во врска со кризата во Сирија. На средбата се бараат начини за зголемување на притисокот врз сиријскиот претседател Башар Ал Асад да го прифати планот за запирање на насилствата во земјата.
Утре, Клинтон ќе има средби со шефовите на дипломатиите на Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Оман. В недела, Хилари Клинтон ќе присуствува на состанокот во Истанбул, на групата наречена Пријатели на Сирија.
XS
SM
MD
LG