Достапни линкови

logo-print

Лондон - економска презентација за инвестирање во Македонија


London

London

Пред 100-тина британски компании од автомобилската, електронската, машинската, хемиската индустрија, туризмот, денеска во Лондон беа презентирани можностите за инвестирање во Република Македонија.
На Британско-македонскиот бизнис форум, бизнис климата и поволните услови и предности за инвестирање во Македонија ги презентираа министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида.
Како што соопшти Кабинетот на министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, делегацијата по форумот остварила и директни средби со неколку компании, потенцијални инвеститори.
XS
SM
MD
LG