Достапни линкови

logo-print

Новата реформа за дополнително здравствено осигурување нема да им биде од корист на сиромашните граѓани, а дополнително ќе отвори нова болка во здравството.

Новата реформа за дополнително здравствено осигурување нема да им биде од корист на сиромашните граѓани, а дополнително ќе отвори нова болка во здравството, односно Фондот за здравство ќе треба да ги скрати услугите коишто ги нуди во основниот здравствен пакет, доколку сакаат реформата да донесе резултати, објаснува поранешниот директор на фондот на здравство Никола Пановски.
За разлика од Словенија, нашиот пакет на услуги, основниот, е поширок од Словенија, но значи на хартија многу работи се можни кај нас. Клучна реформа е да здраствениот пакет се усогласи со можностите на државата и кога ќе се усогласи да знае пациентот дека тоа му следува, и тоа беше главна реформа која е многу болна, на власта и носи негативни поени бидејќи треба да ги скрати услугите.

Тој вели дека идејата е добра, на пример во Словенија веќе функционира 10 години, но разликата со онаа што би требало да се воведе во земјава е понискиот стандард на граѓаните кои не можат да си дозволат дополнително осигурување, затоа што една третина од граѓаните се регистрирани како невработени.

„За разлика од Словенија, нашиот пакет на услуги, основниот, е поширок од Словенија, но значи на хартија многу работи се можни кај нас. Клучна реформа е да здраствениот пакет се усогласи со можностите на државата и кога ќе се усогласи да знае пациентот дека тоа му следува и тоа беше главна реформа која е многу болна, на власта и носи негативни поени бидејќи треба да ги скрати услугите.“

Пациенти чекаат ред за преглед во клиничкиот центар во Скопје.

Пациенти чекаат ред за преглед во клиничкиот центар во Скопје.

Министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека пациентите со задолжителното осигурување, односно со сините картони, и натаму ќе ги добиваат услугите кои што сега ги имаат, нема да има кратење. Тој додаде дека доколку пациентот се одлучи за дополнителното осигурување, тогаш со него ќе им бидат покриени трошоците за повисок стандард на здравствените услуги што произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување.
Здравството сега засега е „соплатно“, не е бесплатно, секаде кај што ќе влезеш било во ординација на преглед или во аптека мора да дадеш пари.

„Фондот за здравствено осигрување ги надоместува трошоците за определена услуга до определно ниво. Ако некој сака да му се вгради, на пример, многу поквалитетно помагало кое ја надминува цената што Фондот ја покрива, разликата може да биде предмет на осигурителниот продукт.“

Граѓаните се жалат дека здравствените услуги кои во земјава се водат како бесплатни и не се баш такви, а за дополнителни услуги немаат доволно пари.
Министерот за здравство Никола Тодоров

Министерот за здравство Никола Тодоров


„Здравството сега засега е „соплатно“, не е бесплатно, секаде кај што ќе влезеш било во ординација на преглед или во аптека мора да дадеш пари.“

„Еве јас кога одам на контрола најмалку 450 денари трошам.“

„Кога одат кај матичен лекар не трошат многу, но кога одат на оние подетални снимки и анализи за тоа им се потребни повеќе пари.“

„Па за се, за да си купиш лекови, за преглед, за снимање, за лабараторија.“

Колку македонското здравство е навистина бесплатно? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Пановски додава дека доброволното дополнително осигурување се однесува на оние луѓе кои што имаат редовни примања и ќе можат да си дозволат да одвојат повеќе пари за лекување.

„Доброволното дополнително здравствено осигурување пред се им пружа на оние што имаат повеќе примања да добијат какво-такво подобро здравствено осигурување, не значи ништо за сиромашните во секој случај. Може да биде и полошо, бидејќи докторот или здравствената установа ќе биде повеќе ориентирана кон оној што доплаќа.“

Предлог законот за доброволно дополнително осигурување предвидува можност граѓаните да си купат пакет од осигурителните компании кој ќе има важност од најмалку една година и со него да добијат проширени услуги во јавното здравство или да се лекуваат во приватниот сектор, а тоа да го покрие осигурително друштво. Граѓаните за да можат да си купат пакет од осигурителните компании прво ќе мора да бидат осигурени во задолжителното осигурување односно на државата да и се плаќаат придонеси. За цените на новите пакети осигурителните компании допрва ќе ги одлучуваат.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG