Достапни линкови

Неделен печат - Лустрација за пресметка со противниците


Дел од неделниците пишуваат за мошне актуелната тема деновиве, новиот закон за лустрација што го подготвува Владата, а ги анализираат и економските состојби.

Он-лајн изданието на Глобус ја обработува мошне актуелната тема деновиве, новиот закон за лустрација што го подготвува Владата. „Државата се држи за боздоганот на лустрацијата како моќно оружје за пресметка со политичките противници“, пишува во насловот неделникот, за да додаде дека не станува збор само за ширење на листата на осомничените, туку и за менување на методот кој претпоставува нивно „јавно жигосување“ и можност од масовна појава на соседски тужибаби.
Кога премиерот Груевски ќе почне да ги реди појавувањата пред пријателски настроените телевизии и водители, забележливо во изминатите денови, нешто не е во ред со рејтингот на власта.
Глобус.

Глобус - Лустрацијата ќе создаде масовна појава на соседски тужибаби

Кога премиерот Груевски ќе почне да ги реди појавувањата пред пријателски настроените телевизии и водители, забележливо во изминатите денови, нешто не е во ред со рејтингот на власта, или, пак, треба да се изнајде некакво класично дефокусирање на
вниманието на јавноста, заради што премиерот ќе спинува нова кампања и тоа јавно, што потоа ќе се повторува во ритмичен транс од страна на моќната пропагандна машинерија, плус, имињата ќе бидата јавно објавувани, пишува Глобус.

Фокус - Наместо пред владата, гладниот народ ќе го истури гневот врз лустрираните олигарси
Која е логиката на Владата да создава неповолна бизнис-клима и да ги прави неконкурентни компаниите? А од друга страна во Дуинг бизнис се фали дека промовира атрактивна бизнис-клима. За кого?
Капитал.

И уводничарот на Фокус се занимава со темата новиот закон за лустрација и излегува со истата теза: „Наместо пред владата, гладниот народ ќе го истури гневот врз лустрираните олигарси“, пишува неделникот и додава дека лустрацијата не е обична закана за олигарсите што одбиваат да играат по строгите ноти на власта. Груевци и до сега ги имаа нивните досиеја, вели уводничарот, но прашање е зошто сакаат јавноста да ѕирне во нив? Зошто денес, кога социјалниот бунт е неизбежен? Па, токму поради тоа, за гневот на народот да не стигне до Илинденска бб, туку да се пренасочи кон олигарсите од бранковото време, предвидува Фокус за да заклучи: предизвикувањето целосен хаос им прилега токму на децата - кршење на фигурите во моментот кога ќе сфатат дека ја загубиле партијата!

Капитал - Државен удар врз отпкупувачите на старо железо

Скандалозна ја нарекува неделникот Капитал во уводникот одлуката на Владата за забрани откуп и промет со метален отпад. Па објаснува дека владините министри не се кадарни да разберат во што е проблемот, да се справат со него и со крадците на старо железо! На овој начин извршен е директен „државен удар“ врз 262-те металуршки компании, за кои отпадот од метал живот значи, а освен тоа уште повеќе ќе им го поскапи извозот, кој учествува со една четвртина во вкупниот извоз на државава. Плус, без работа ќе останат 40.000 работници, потсетува Капитал и прашува: која е логиката на Владата да создава неповолна бизнис-клима и да ги прави неконкурентни компаниите? А од друга страна во Дуинг бизнис се фали дека промовира атрактивна бизнис-клима. За кого?, критикува Капитал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG