Достапни линкови

Ахмети: Јас не знам дека ОНА дејствувала во Кумановско


Состојбата во Македонија е стабилна а јас немам информација дека ОНА дејствувала во регионот на Куманово. Ова за дописникот на Радио Слободна Европа од Дебар го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Тој во Дебар учествуваше на поставување камен темелник на нов објект на гимназијата.
Што се однесува до Куманово, рече Ахмети за РСЕ, таму започнаа работите околу дисперзираните факултети на Тетовскиот Државен Универзитет.
Aли Ахмети изјави и дека владината коалиција ВМРО ДПМНЕ - ДУИ функционира нормално.
XS
SM
MD
LG