Достапни линкови

Турско - ирански разлики околу Сирија


Лидерите на Иран и Турција изразија големи разлики околу сирискиот конфликт за време на посетата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на Техеран. Иранските медиуми го цитираат Ердоган, кој рекол дека на сирискиот Претседател Башар ал Асад не може да му се верува и оти изборите и демократијата се решение за сириската криза.
Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Каменеи, пак изјавил дека Иран ќе го заштити сирискиот режим и оти силно се противи на странското влијание во Сирија.
XS
SM
MD
LG