Достапни линкови

Саркози: 19 екстремисти - уапсени, операцијата продолжува


Францускиот Претседател Никола Саркози изјави дека во некои градови денеска се уапсени 19 лица во операција против исламски екстремисти.
Во акцијата, според Саркози, е најдено оружје, меѓу кое и пушки АК – 47.. Саркози додаде дека се планираат натамошни акции против екстремистите.
Како што се јавува, акцијата била извршена во регионот на Нант и Тулуз каде што екстремистот од алжирско потекло Мухамед Мера уби 7 луѓе.
Тој беше потоа убиен од полицијата на 2 Март.
XS
SM
MD
LG