Достапни линкови

logo-print

Иранската влада ја одзеде акредитација на Ројтерс во Техеран


Иранската влада му ја одзеде акредитација на бирото на Ројтерс во Техеран, откако новинска агенција објави видео на жени кои тренираат боречки вештини. Видео првично беше насловен како „Илјадници женски нинџи се обучуваат за ирански атентатори“, но насловот потоа беше сменет во „Три илјади жени нинџи се обучуваат во Иран“, откако клубот за боречки вештини се пожали на нaсловот. Иранското министерство за култура им ги одзеде акредитацијиите првин на шефот на бирото, а потоа и на 11 вработени во преставништвото во Техеран. Од Ројтерст соопштуваат дека нивниот главен и одговорен уредник е во контакт со иранските официјални претставници и се надеваат дека акредитациите ќе им бидат обновени.
XS
SM
MD
LG