Достапни линкови

Руските новинари го „прогонуваат“ амбасадорот на САД


Скрин шот од Твитер профилот на американскиот амбасадор во Москва Мајкл Мекфаул

Скрин шот од Твитер профилот на американскиот амбасадор во Москва Мајкл Мекфаул

Американскиот амбасадор во Москва Мајкл Мекфаул во серија пораки на Твитер изрази сомнеж како некои руски медиуми го дознаваат неговиот распоред. Тој пишува дека се среќава со екипи на телевизијата НТВ секаде каде што оди.

„Се прашувам кој им го дава мојот распоред? Тие не сакаат да ми кажат. Се прашувам какви се тукашните закони за ваква работа“, пишува Мекфаул на Твитер.

Рускиот активист за човекови права Лав Пономарјев вели дека американскиот амбасадор вчера го посетил во неговата организација за човекови права. Кога пристигна Мекфаул, вели Пономарјев, пред канцелариите на организацијата имаше група луѓе „кои се претставуваат како новинари и други облечени како Козаци“.

„Тие го задржаа околу 20 минути опсипувајќи го со прашања“, вели Пономарјев.

Амбасадорот ги праша новинарите како знаеле дека ќе дојде, но не доби одговор.
XS
SM
MD
LG