Достапни линкови

logo-print

Белорусија- ослободени тројца опозициски активисти


Тројца опозициски активисти од Белорусија се ослободени од затвор, еден ден откако беа уапсени при обидот да отпатуваат во Брисел за да се сретнат со официјални претставници на ЕУ. Но властите не им ги вратиле пасошите, што значи дека тие се спречени да патуваат во странство, јаувава белорускиот сервис на Радио Слободна Европа. Белорускиот опозициски ативист Анатолиј Лебедко и уште двајца негови соработници се обвинети за хулиганство и казнети со казна од по 45 долари. Претседателот Алксандар Лукашенко ја блокира опозицијата да патуваат во странство. Тензиите меѓу ЕУ и Белорусија се зголемија минатиот месец, кога официјален Минск, побара амбасадорите на ЕУ да ја напуштат земјата, по што Унијата ги отповика амбасадорите.
XS
SM
MD
LG