Достапни линкови

Шефот на Централната команда на САД во посета на Узбекистан


Шефот на американската Централна команда генерал Џејмс Матис во посета на Узбекистан

Шефот на американската Централна команда генерал Џејмс Матис во посета на Узбекистан

Шефот на американската Централна команда генерал Џејмс Матис се сретна со узбекистанскиот претседател Ислам Каримов во Ташкент, за да разговараат за ситуацијата во Авганистан. Според узбекистанските медиум, тие разговарале за „шансите за развивање и продлабочување на билатералните односи во областите од заеднички интерес, вклучувајќи ги воената и воено-техничката сфера.“

Врските меѓу Узбекистан и САД значително се подобрија во последните неколку месеци. Според некои аналитичари тоа се должи на потребата на САД за безбеден и сигурен излез од Авганистан .

Матис пред да го посети Узбекистан, беше во Пакистан на средба со преставници на пакистанската армија. Тие разговарале за можноста Пакистан повторно да ја отстапи својата територија за потребите на американските сили во Авганистан. Пакистан ги затвори своите рути откако во ноември при воздушни напади на американските сили загинаа 24 пакистански војници.
XS
SM
MD
LG