Достапни линкови

Во Пакистан убиени четворица милитанти


Најмалку четворица милитанти загинале во напад на беспилотни летала врз комплекс во Северен Вазиристан, соопштија преставници на пакистанските безбедносни сили. Проектилите погодиле една зграда во областа Мираншах рано утринава, по што во зградата избувнал пожар. Областа Вазиристан е позната како засолниште на милитантите од Ал Каеда и Талибанците. САД во оваа област со години спроведуваат напади од беспилотни летала.
XS
SM
MD
LG