Достапни линкови

Северна Кореја ќе лансира ракета со долг дострел


Северна Кореја се подготвува следниот месец да лансира ракета со долг дострел, покажале сателитски снимки направени во четвртокот. Сликите покажуваат дека камиони доставуваат гориво и оксиданс во базата за лансирање во северозападниот дел на земјата.
Јапонскиот министер за одбрана Наоки Танака заповеда да се пука на севернокорејските проектили ако летаат над Јапонија. Јужнокорејските медиуми објавија дека Северна Кореја оваа недела пробно истрела два проектила со краток опсег, во близина на нејзиниот западен брег.
XS
SM
MD
LG