Достапни линкови

Конгресен брифинг-НАТО да даде сигнал дека проширувањето нема да запре


Да продолжи политиката на отворени врати на НАТО за аспирантите, а тие да се поттикнат во реформите на патот кон Алијансата е заклучокот на синоќешниот конгресен брифинг на кој присуствуваа и македонски пратеници кои се во посета на Вашингтон, јави Гласот на Америка на македонски. Тие аргументираа зошто Македонија, но и Црна Гора и Босна и Херцеговина треба да бидат уважени за прифаќање на критериумите и принципите на одбранбениот сојуз.
Македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски заклучи дека Македонија веќе подолго време се однесува како членка на НАТО.
Конгресменот Мајкл Тарнер од Охајо побара НАТО да го уважи напредокот на балканските аспиранти, давајќи им јасен сигнал дека проширувањето нема да запре.
XS
SM
MD
LG