Достапни линкови

Груевски-постои интерес за унапредување на економските односи со Кина


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски, денеска оствари средба со потпретседателот на Државниот совет на Кина, Хуеј Лиангју, кој ja предводи високата кинеска делегација што е во посета на Македонија. Груевски го информирал својот соговорник за надворешно политичките стратешки приоритети на Македонија за членство во ЕУ и НАТО, како и за активностите кои што се одвиваат во тој контекст.
Груевски потенцирал дека економскиот развој е еден од главните приоритети на Владата и оти во таа насока постои особен интерес за унапредување на економските односи со Кина и привлекување на кинески инвестиции во Македонија.
XS
SM
MD
LG