Достапни линкови

ЕП- преостанатите земји членки на ЕУ да го признаат Косово


Европскиот парламент ги повика петте земји членки на Европската унија кои се уште не ја признале независноста на Косово, да го направат тоа. Резолуцијата го поздравува започнувањето на дијалогот за визите во јануари и очекува ЕК да претстави план за визна либерализација оваа пролет. Документот го поддржува планот за изработка на студија до есента 2012 година за потпишување на договор за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Косово.
Пратениците изразија надеж дека Меѓународниот олимписки комитет ќе им овозможи на спортистите од Косово да учествуваат на претстојните Олимписки игри во Лондон.
XS
SM
MD
LG