Достапни линкови

„Скопје ремикс“ за едно поинакво Скопје


„Скопје ремикс“, музичко-филмски омнибус.

„Скопје ремикс“, музичко-филмски омнибус.

„Скопје ремикс“ е музичко-филмски омнибус во продукција на „Ново македонско видео“.Станува збор за девет уникатни приказни, мисли и визии за Скопје видено низ призмата на 10 млади македонски режисери, за тоа каков град тие би сакале да биде.

Во нешто повеќе од два часа органски се поврзани девет уникатни кратки филмови во режија на Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Срѓан Јаниќијевиќ, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Вардан Тозија, Синиша Евтимов, Јане Алтипармаков и Бојан Трифуновски. Преку нивните приказни во „Скопје ремикс“ се претставени напредните тенденции и мисли за градот, зачинети со легенди кои му ја даваат неговата посебност и уникатност.
Иницијалната идеја за проектот и неговата примарна цел беше и остана тоа да направием филм кој ќе ја отслика оваа немирна и многу креативна урбана енергија која вибрира во нашето Скопје, во последните 15-20 години.

„Иницијалната идеја за проектот и неговата примарна цел беше и остана тоа да направием филм кој ќе ја отслика оваа немирна и многу креативна урбана енергија која вибрира во нашето Скопје, во последните 15-20 години“, вели Огнен Димитровски, продуцент и режисер на „Фото финиш“.
„Скопје ремикс“, музичко-филмски омнибус.

„Скопје ремикс“, музичко-филмски омнибус.


Тој дополнува дека ова дело е сублимат на македонската уметност на 21 век и дека во него се вклучени над 150 уметници кои во филмот се присутни со своите скулптури, слики и инсталации и дека проектот главно се занимава со иднината и сè повеке зборува за решенијата, а сè помалку за минатото и проблемите.
Ние овој филм го направивме за инает на сите, со огромен мерак и огромен ќеиф, и со многу голема желба да излезе. Овој филм утре ќе го гледате и тоа е доказ дека сите што се обидуваа нешто да направат за овој филм да не успее не им успеа нив.

„Заедничкото кое што се гледав во самито филм е нашиот дух и нашиот став некаков општ за Скопје, кое што не го прифаќаме такво какво што е, туку сакаме да го менуваме да го направием поубаво“, ќе рече Даријан Пејовски, авторот на делот од омнибусот насловен „Опера“.

Актерската екипа ја сочинуваат Камка и Милан Тоциновски, Софија Куновска, Јовица Михајловски, Дејан Лилиќ, Кирил Коруновски, Нина Гачиќ, Оливер Митковски, Ана и Јана Стојановски, Александар Микиќ, Јулија Милкова, Игор Ангелов, Владимир Христов, Ирфан Незир, Емра Куртишовa и други.
Од друга страна, музиката која е извонредно битна за филмот ја потпишуваат автори и артисти како Александар Пејовски, МУГЕР ФУГЕР, Роботек, КАНТОН 6, Сашко Костов, Љупа Ангелов (The John), Огнен Анастасовски (Bei The Fish), ПОГАН ПАГАН, ПМГ КОЛЕКТИВ, НОВИОТ ПОЧЕТОК, Васко Атанасовски и Горан Таневски.

„Скопје ремикс“ започна да се снима во 2009 година и во изминативе три години, со буџет од 350.000 евра од Филмскиот фонд на Македонија и 50.000 евра што продуценот „Ново македонско видео“ ги обезбеди од Филмскиот центар на соседна Србија, помина низ долг и макотрпен процес до неговата финална реализација.

Од таму, не чуди што режисерот Срѓан Јаничиевиќ, забележува дека ги победиле сите оние кои биле скептици кон проектот и се обиделе да ги искористат за ефтини политички поени.

„Ние овој филм го направивме за инает на сите, со огромен мерак и огромен ќеиф, и со многу голема желба да излезе. Овој филм утре ќе го гледате и тоа е доказ дека сите што се обидуваа нешто да направат за овој филм да не успее не им успеа нив.“

По премиерата „Скопје ремикс“ до 19 април ќе биде на редовниот репертоар на кино „Милениум“, а потоа ќе се прикажува во „Фросина“. Од друга страна , повеќе од извесно е дека омнибусот ќе оди на некој од извиканите светски филмски фестивали, а пооделните приказни и на манифестациите за краток авторски филм.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG