Достапни линкови

Алжир одби да го погреба телото на убиецот од Тулуз


Мохамед Мерах

Мохамед Мерах

Алжирските власти не дозволија телото на самопрогласениот исламски милитант кој уби седум лица во францускиот град Тулуз да биде погребано во земјата. Членовите на семејството соопштија дека телото на Мохамед Мерах било денеска испратено за Алжир, но властите од земјата одбиле да го примат, поради безбедносни причини. Најверојатно телото на Мерах ќе биде погребано во околината на Тулуз.
XS
SM
MD
LG